Утрински Весник
Свет

Бранителите на Мариупол го сменија текот на војната, вели советникот на Зеленски

Украинските бранители на Мариупол го сменија текот на војната со Русија, издржувајќи 82 дена опсада, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

Тој изјави дека преговорите за евакуација на голем број луѓе од челичарницата Азовстал, последниот бастион на украинските сили, по неколкунеделната руска опсада и бомбардирање, се тешки, но дека постои надеж дека ќе бидат успешни, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 265 милитанти на „националистичката единица Азов“ и украински војници, кои се криеле во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, го оставиле оружјето и се предале, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија