Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и топло време, попладне пороен дожд во западните делови

Времето денеска ќе  биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална блачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.

В среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од среда до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени.

Можете да прочитате

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија