Утрински Весник
Спорт

Анонимна Босанка ја елиминира Слоан Стивенс од турнирот во Стразбур

Поранешната освојувачка на УС опен, Американката Слоан Стивенс, е елиминирана во првото коло на турнирот во Стразбур. Сензацијата ја направи босанската тенисерка Нефисa Берберовиќ.

Tаа го одигра најдобриот меч во кариерата и со пресврт ја елиминираше познатата Американка со 2:1 во сетови (2:6, 6:4 и 6:1).

Босанската тенисерка испадна во квалификациите, но доби втора шанса како „среќна губитничка“ и налета на Слоун Стивенс. Сите мислеа дека тоа ќе биде лесна задача за американската тенисерка, но на крајот се случи сензација.

> Анонимна Босанка ја елиминира Слоан Стивенс од турнирот во Стразбур <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk