Утрински Весник
Свет

Во поголем дел од Шангај запрено ширењето на коронавирусот, милион луѓе остануваат во изолација

Dik 300x250 mk

Коронавирусот престана да се шири во поголемиот дел од Шангај, а нешто помалку од еден милион луѓе сè уште се во карантин бидејќи градот постепено се отвора, соопштија властите, додека економските податоци го покажуваат негативното влијание на кинеската стратегија „нулта ковид“. Во соопштението се вели дека 15 од 16 области во Шангај кои не се во карантин го запреле преносот на коронавирус и епидемијата е под контрола.

Супермаркетите, трговските центри и рестораните денеска се отворени со ограничување на бројот на луѓе и контакти, додека ограничувањата за движење остануваат на сила, а метрото е сè уште затворено.

Во град со 25 милиони жители, многу граѓани се затворени во своите домови, на нивните имоти и населби повеќе од 50 дена, а датумот на целосно отворање е 1 јуни.

Примената на рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот во Шангај предизвика протести поради недостаток на храна, медицинска нега, слобода на движење и многу ограничени права на приватност.

И покрај ова, Кина ги отфрли сите критики за стратегијата за затворање и остана посветена да се бори против какви било обиди за искривување, или отфрлање на нејзината „анти-ковид политика“, пишуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим