Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Скопје-Тетово во с.Желино.

Според информациите, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло“, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф“ се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Левица: Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување