Утрински Весник
Македонија

Централниот одбор на НСДП го утврди Горан Мисовски за единствен кандидат за претседател на партијата

Централниот одбор на НСДП на петтиот конгрес на партијата, за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски.

Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, соопштија од НСДП.

Можете да прочитате

Почина актерот Гоце Тодоровски – 24info.mk

ЦУК предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин