Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Географијата не му е силна страна – Грилиш нема поим како изгледа Британија

300x250 opst2

Ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш, очигледно, не може да се пофали со основно знаење на географијата на неговата земја, откако се посрамоти на промотивно . на англиската репрезентација во кое требаше да покаже од каде доаѓа.

Заедно со Џордан Хенерсон, Џејмс Ворд-Прауз и Конор Коуди, тие играа во играта во која Хендерсон требаше да погоди од каде точно доаѓа Грилиш, по што тој мораше да покаже дали е во право.

26-годишниот Грилиш, најскапиот британски фубалер во историјата, само прашува: „Што, ова е Англија?“, предизвикувајќи смеа.

Ова не е првпат тој да се посрамоти со своето (не)знаење. Додека беше во Астон вила, поранешниот менаџер Дин Смит изјави дека Грилиш има „енциклопедиско“ знаење за фудбалот. Кога беше запрашан за тоа, Грилиш призна дека не знае што значи тоа „енциклопедиско“.

> Географијата не му е силна страна – Грилиш нема поим како изгледа Британија <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица