Утрински Весник
Свет

Кремљ: Ќе одговориме на барањето на нашите другари од Северна Кореја

Русија внимателно ќе го разгледа секое барање од Северна Кореја за набавка на вакцини против ковид, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Другарите од Северна Кореја се добро запознаени со нашите бројни вакцини и се свесни за нашето искуство во борбата против Ковид. Доколку има барања од Пјонгјанг, тие ќе бидат соодветно одговорени“, рече Песков, пренесе Тасс.

Во Северна Кореја, наводно, шест лица починале од коронавирус, додека околу 350.000 луѓе покажале симптоми на инфекција, објавија севернокорејските државни медиуми.

Можете да прочитате

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати

Лукашенко: Белорусија и Русија никој нема да ги клекне на колена

Италија ќе почне со воздушна испорака на помош за Газа