Утрински Весник
Свет

Путин: Западот е виновен за глобалните последици од санкциите против Русија и за гладот ​​во некои земји

Вината за глобалните последици од санкциите врз Русија, вклучително и можниот недостиг на храна и гладот ​​во некои земји, лежи во западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот заради својата доминација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Тој рече дека многу земји веќе се соочуваат со закани од глад и дека доколку продолжат санкциите против Русија, ЕУ може да наиде на последици кои тешко би можеле да се вратат.

„Вината за ова е целосно кај елитите на западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја зачуваат својата глобална доминација“, рече рускиот лидер.

Според Путин, Русија самоуверено се справува со надворешните предизвици, благодарение на одговорната макроекономска политика од последните години и системските решенија за зајакнување на економскиот суверенитет и технолошката и прехранбената безбедност.

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена