Утрински Весник
Свет

На Малта запленет тон и пол кокаин во контејнер со банани за Словенија

Малтешките цариници заплениле рекордни 1,5 тон кокаин, проценет на 300.000.000 евра, скриен во контејнер во кој се превезувале банани од Колумбија за Словенија, објави малтешкиот весник „Малта тудеј“.

Цариниците заплениле 50 вреќи со близу 1.500 пакувања од по еден килограм кокаин на брод што пловел за Копер во Словенија.

Случајот го истражува Одделот за наркотици при полицијата во Малта, пренесува СТА.

Царината соопшти дека заплената е рекордна по обем и вредност, многу поголема од пратката од 800 килограми кокаин запленета во истото пристаниште минатиот месец.

Малтешките цариници заплениле вкупно 750 килограми кокаин во 2019 година, 612 килограми во 2020 година, а лани 740 килограми.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел