Утрински Весник
Свет

Сијарто: Ембаргото на нафтата нас би нѐ погодило многу потешко од Русија

Ембаргото на руската нафта предложено од Европската комисија (ЕК) ќе ја погоди Унгарија потешко отколку Руската Федерација, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сјарто.

„Овој предлог би нè погодил многу повеќе од Русите. Унгарија нема излез на море, а ние зависиме од руската нафта и гас“, изјави унгарскиот министер во интервју објавено денеска во шпанскиот весник „Ел Паис“, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека предлогот на ЕК создава огромен проблем за неговата земја.

Сијарто вчера оцени дека единствен начин да се постигне договор за ембарго на руската нафта е тоа да се примени за испораките по морски пат, а од него да се исклучи испораката на руска нафта преку нафтоводот, пренесе „Ројтерс“.

Во видео објавено на „Фејсбук“, Сијарто предупреди дека предлогот на Европската унија за воведување нафтени санкции кон Русија ќе ја уништи унгарската економија.

Тој исто така истакна дека предлогот не нуди решение за огромните проблеми што санкциите би ѝ ги нанеле на Унгарија, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Продажбата на пиво во Германија опаѓа, младите бараат алтернативи

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас