Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Со СОНК разговараме за унапредување на правата на вработените во детските градинки

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствувале и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не била отворена дискусија.

Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

„На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, се наведува во соопштението за средбата.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!