Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во судир меѓу автомобил и мотор на „Борис Трајковски“

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Емил Зола“.

Несреќата се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Кичево и мотоцикл, со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил Ј.Д.(21) од Скопје, кој се превезувал на мотоциклот, а на возачот на автомобилот М.К. му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР