Утрински Весник
Свет

Медведев до Западот: Размислете за последиците од нуклеарната војна меѓу Русија и НАТО

Заменик Претседателот на Советот за безбедност Медведев најавува ризик од нуклеарна војна во случај на директен конфликт меѓу Русија и НАТО

– Во случај на директен конфликт меѓу Русија и земјите од НАТО, постои ризик од нуклеарна војна. Ова на својот канал Телеграм го изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Медведев ситуацијата во која ќе започне конфликтот меѓу Русија и НАТО ја нарече „катастрофално сценарио за сите“, пренесе Новости.

За да го спречи тоа, Медведев го советуваше Западот да води поурамнотежена политика и да не се „гуши од плунка“ во напливот на русофобија.

– Не се лажете себеси и другите. Треба само да размислите за можните последици од вашите постапки, сумираше политичарот, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?