Утрински Весник
Спорт

Барса си ја „заврши“ работата уште во Флензбург?

Барселона покажа зошто е фаворит за освојување на нова титула од ЕХФ Лигата на шампиони, откако во првиот меч од четврт-финалето стигна до 33:29 (18:13) победа на гости кај Флензбург.

Првото полувреме на гостите беше посебно импресивно, во кое напрвија предност од пет гола (18:13), по што во второто успеаја да се одбранат од обидот на камбек на бундеслигашот, кој пропушти шанса да дојде на -2, за на крајот да патува со четири гола негатива во „Палау Блауграна“.

Јусеф Бен Али беше предводник на каталонскиот клуб со 8 постигнати голови, Дика Мем додаде шест,  а Алеиш Гомез пет гола, додека за Флензбург најефикасен беше Емил Јакобсен со 9 гола.

> Барса си ја „заврши“ работата уште во Флензбург? <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале