Утрински Весник
Свет

Речиси 4,8 милиони работни места затворени во Украина поради војната

Во Украина околу 4,8 милиони работни места се затворени од почетокот на руската агресија во февруари, бидејќи многу бизниси згаснаа, извозот е намален и милиони граѓани избегаа од конфликтот, соопшти Меѓународната организација на трудот.

Загубите на работни места сочинуваат околу 30 отсто од работната сила во Украина пред инвазијата, се наведува во извештајот.

Нивниот број може да се искачи на седум милиони ако продолжат непријателствата, предупреди организацијата, додавајќи дека прекинот на огнот може да врати 3,4 милиони работни места на краток рок.

Според последните информации, повеќе од пет милиони луѓе, главно жени, деца и постари лица, избегаа од конфликтот. БДП-то на Украина оваа година може да се намали за најмалку една третина.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови