Утрински Весник
Магазин

Ева Мендес навести враќање на актерската сцена

Ева Мендес откри дека можеби ќе се врати на актерството по долгата пауза, но само ако го добие вистинскиот проект.

Атрактивната Кубанка (48) во текот на гостувањето во The View рече дека се откажала од актерството за да биде со своите ќерки Есмералда (7) и Амада (5), кои ги има со сопругот Рајан Гослинг (41).

Ководителката на ток-шоуто, Вупи Голдберг, ја праша какви улоги би прифатила доколку се врати на големиот екран. Ѕвездата на Training Day ги отфрли филмовите со насилството и жешки сцени.

„Не сакам да глумам во филмови со насилство, не сакам секс-сцени“, рече Ева додавајќи дека има кус список за тоа какви улоги би прифатила.

Можете да прочитате

„Нетфликс“ до 2028 година ќе вложи приближно 200 милиони долари во турските продукции

„Заедно знаеме повеќе“ – предавања за детска исхрана и научна работилница за деца

Митровденска задушница – спомен за починатите