Утрински Весник
Свет

Медведев: Американскиот систем ќе се распадне пред нас

Поранешниот руски претседател и еден од најблиските сојузници на Путин, Дмитриј Медведев, ги обвини СAД дека водат војна против Русија преку Украина, откако Претставничкиот дом на САД одобри пакет помош од 40 милијарди долари за Украина.

Медведев рече дека американската економија ќе страда и дека нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом во вторникот е обид да се нанесе сериозен пораз на Русија и да се ограничи нејзиниот економски развој и политичкото влијание во светот.

„Тоа нема да успее. Печатницата со која Америка постојано го зголемува својот веќе надуен државен долг ќе се распадне пред ние да се распаднеме“, рече тој.

Mедведев ги обвини, како што ги нарече, американските русофобични власти за поскапувањето на горивата и храната во САД.

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, го обвини Вашингтон дека го искористил пакетот помош за да ја задолжи Украина и дека има намера да ги присвои резервите на жито во земјата.

„Вашингтон сака Гладомор во Украина“, напиша тој, мислејќи на гладот ​​од 1930-тите кој уби милиони Украинци.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија