Утрински Весник
Свет

Жена во Ел Салвадор осудена на 30 години затвор поради абортус

Судот во Ел Салвадор осуди жена на 30 години затвор бидејќи морала да абортира поради медицински причини. Според АП, жената е осудена на повеќегодишна затворска казна за тешко убиство.

Група граѓани кои ја поддржуваат декриминализацијата на абортусот изјавија дека жената, идентификувана како Есме, била осудена во понеделникот. Поминала две години во истражен затвор по апсењето кога побарала лекарска помош во државна болница, велат тие.

„Судијата беше пристрасен. Тој даде поголема тежина на верзијата на државното правобранителство која е полна со стигми и родови стереотипи. Есме ќе се жали“, велат тие.

Во Ел Салвадор е на сила целосна забрана за абортус, па затоа многу жени се уапсени и осудени на затвор за абортуси пријавени кај властите. Речиси 180 жени се кривично гонети во последните 20 години. Од 2009 година, владата ослободила само 64 жени.

Можете да прочитате

Екстремниот студ и нови бури им се закануваат на источните држави на САД

Скриената Италија: планински градови далеку од масовниот туризам

ЦДУ и АфД изедначени во најнова анкета во Германија