Утрински Весник
Свет

Тело на нуркач и 50 килограми кокаин пронајдени на брегот на река во Австралија

Dik 300x250 mk

Австралиската полиција денеска започна истрага откако 50 килограми супстанца за која се верува дека е кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони австралиски долари, беа пронајдени покрај телото на нуркач исфрлен на брегот покрај река во државата на Нов Јужен Велс.

На брегот на реката Хантер недалеку од Њукасл, на околу 170 километри северно од Сиднеј, вчера било пронајдено тело на маж кој носел врвна опрема за нуркање, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс, пренесува Ројтерс.

И покрај посочената брза помош, непознатиот маж починал на лице место, а недалеку од него биле пронајдени неколку пакувања со бел прав, за кој се претпоставува дека е кокаин.

„Се обидуваме да утврдиме дали овие два инциденти се поврзани. Можеби се, но ние спроведуваме истрага со отворен ум за можните опции, им рече на новинарите началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Роберт Крихлоу, пренесува агенцијата.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети