Утрински Весник
Свет

Шарл Мишел во Одеса: Силоси полни со храна за извоз блокирани поради руските напади

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го посети украинското пристаниште Одеса и изрази жалење што силосите полни со храна за извоз се блокирани поради руската инвазија на Украина.

Мишел на Твитер напиша дека тој и украинскиот премиер Денис Шмигаљ го истражувале влијанието на војната врз тоа пристаниште на Црното Море, кое во последните денови беше цел на руски ракетни напади.

„Видов силоси полни со жито, пченица и пченка подготвени за извоз. Оваа многу потребна храна е заглавена поради руската војна и блокадата на пристаништата на Црното Море. Тоа предизвикува драматични последици за загрозените земји. Потребен ни е глобален одговор“, напиша Мишел.

Украина е глобален извозник на житни култури. Претставниците на Обединетите нации предупредуваат дека неможноста за извоз на овие производи ќе ја загрози безбедноста на храната во земјите увозници, особено во посиромашните африкански земји.

Со Мишел разговараше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој изјави дека мора да се преземат итни мерки за да се деблокираат украинските пристаништа и да се овозможи извоз на пченица.

Можете да прочитате

ЕУ дипломатија нападната – делегацијата во Киев сериозно оштетена по ракетен напад

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)