Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Ние не сме агресори, ќе ја поддржиме Русија на секој начин

Dik 300x250 mk

Белорусите не се агресори, но на секој можен начин ќе ја поддржиме Русија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Тој на церемонијата на положување венци на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот рече дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија, пренесува Белта.

– Секогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да не растргнете и разделите – нагласи Лукашенко.

Тој му порача на Западот дека Белорусите се мирни, но да не се ни обидуваат да разговараат со Минск од позиција на сила.

Зборувајќи за западните санкции, Лукашенко рече дека Белорусија ќе издржи и „челични“ санкции, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид