Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка тешко повреден 60-годишен кумановец

Тешко повреден 60-годишен маж од Куманово во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово.

Несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(60) од с. Опае, липковско и мопед „јамаха џог“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.Г.(60) од Куманово.

Во несреќата З.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Среде бел ден двајца малолетници нападнале и ограбиле 62 годишен маж во центарот на Тетово

72 годишен Французин починал на скопската Клиника за кардиологија

СДСМ: Институции и и фирми добиле налог дека мора да работат преку Алта банка