Утрински Весник
Спорт

Бекам се надева дека Роналдо ќе остане во Јунајтед

Dik 300x250 mk

Се почесто се зборува дека португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Потенцијалното заминување на 37-годишниот напаѓач од „Олд Трафорд“ го коментираше уште еден легендарен играч на „црвените ѓаволи“, Дејвид Бекам.

Актуелниот претседател и ко-сопственик на Интер Мајами го изрази своето воодушевување од тоа како игра Роналдо.

„Заедно со Меси, Роналдо е еден од најдобрите играчи во изминатите 15 години. Важно е за навивачите да остане во Јунајтед, но мислам дека е важно и за него. Се надевам дека ќе биде така. Знаеме колку Јунајтед му значи на Кристијано. Сè уште го прави тоа што најдобро го знае – создава шанси и постигнува голови. Неверојатно е што успева на негова возраст. Би било убаво да остане уште една или две сезони“, изјави Дејвид Бекам за „Скај спорт“.
„Во Јунајтед се неопходни промени, а промените се случуваат. Навивачите се уште го поддржуваат тимот. Мислам дека тренерот и играчите во претходната сезона работеа најдобро што можеа. Малку клубови можат да го распродадат стадионот и покрај сите проблеми кои Јунајтед ги имаше претходните години“, изјави популарниот „Бекс“.

Бекам го носеше дресот на Јунајтед од 1992 до 2003 година, со исклучок на позајмица во Престон. Подоцна играше за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и Пари Сен Жермен.

> Бекам се надева дека Роналдо ќе остане во Јунајтед <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја