Утрински Весник
Свет

Канадскиот премиер Трудо ја посети Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо ненадејно го посети Ирпин, место во близина на Киев, уништено во борбите меѓу руските и украинските сили, пред да биде освоено од Русите во март, објави градоначалникот.

„(Џастин Трудо) дојде во Ирпин за да ги види со свои очи сите ужаси што руските окупатори му ги нанесоа на нашиот град“, напиша Олександр Маркушин на Телеграм, објавувајќи фотографии од канадскиот премиер во уништеното место.

Посетата на Џастин Трудо на Украина не беше најавена претходно.

„Премиерот е во Украина за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и да ја повтори нашата непоколеблива поддршка за украинскиот народ“, соопштија неговите служби.

Маркушин „искрено му се заблагодари“ на Трудо за „поддршката што Канада и ја носи денес на Украина“.

Ирпин, град со 60.000 жители северозападно од Киев, беше сцена на жестоки борби меѓу Русите и Украинците во првите денови од руската инвазија во февруари.

Руската армија го окупираше во март. Оттогаш, Киев ги обвини руските сили дека извршиле масакри во Ирпин – како и во соседна Буча – откако десетици тела на цивили беа пронајдени во областите контролирани од руската армија, а потоа беа напуштени.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени