Утрински Весник
Свет

Пленковиќ во Киев, се сретна со Зеленски

Dik 300x250 mk

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во неделата наутро пристигна во Киев, соопшти владата.

Заедно со Пленковиќ во Киев пристигна и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Пленковиќ се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Блиц.рс.

– Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да дава политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и секаква друга можна поддршка на Украина, како и помош во згрижувањето на украинските бегалци. Украинскиот државен врв на средбите ќе го информира премиерот за последиците од уништувањето поради руските напади, а ќе се разговара и за натамошната помош и продолжување на европскиот пат на Украина – наведуваат од хрватската влада.

Посетата на Пленковиќ на Украина се случува во пресрет на Денот на Европа, па затоа е израз на солидарност и поддршка за украинските власти и пријателскиот украински народ, кои се жртви на бруталната руска агресија, се наведува во соопштението.

Пред воената инвазија, Пленковиќ беше во официјална посета на Украина во декември 2021 година, а учествуваше и на самитот на Кримската платформа заедно со лидерите на ЕУ во август 2021 година, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп