Утрински Весник
Свет

Зеленски објави потресно видео на денот кога Европа го слави Денот на победата: Злото се врати

Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на денот кога Европа го слави Денот на победата над нацизмот, објави црно-бело видео снимено во разурнатиот Бородјанка, град во близина на Киев кој беше целосно уништен во руската инвазија, пренесува Блиц.рс.

Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ го кажете тоа на Украина“.

Зеленски вели дека „никогаш повеќе“ – ветувањето по Втората светска војна дека нема да се дозволи враќање на фашизмот – сега е само „повторно“, а злото се вратило.

Тој вели дека некои луѓе го заборавиле ветувањето. Украина сега е првата линија на битката.

Инаку, лидерите на групата Г7 денеска треба да одржат видео конференција на која ќе доминира загриженоста за руската инвазија на Украина.

Во него треба да учествува и Зеленски, кој за ситуацијата во неговата земја ќе ги информира лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп