Утрински Весник
Свет

Зеленски: На руската армија ништо не и е гајле, само би убивале и уништувале

Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање извести за ракетниот напад врз Одеса, во, како што рече, град во кој речиси секоја улица има нешто незаборавно, нешто историско, пренесува Дневен аваз.

– Но, тоа не е важно за руската армија. Тие само би убиле и уништувале. Одеса? Харков регионот? Донбас? Не им е грижа. Само вооружените сили на Украина и отпорот на нашиот народ можат да ја спречат оваа нечовечка инвазија. Тоа е варварство што има проектили, но нема никаква врска со луѓето.

Ваквите постапки на руските окупатори, особено во пресрет на Денот на сеќавање на сите жртви од Втората светска војна и Денот на победата над нацизмот, треба да ја потсетуваат секоја држава и секој народ дека е невозможно еднаш засекогаш да се победи злото. – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците