Патник на летот на „Јунајтед ерлајнс“ бил приведен на меѓународниот аеродром О’Харе во Чикаго откако ја отворил вратата од авионот и излегол на крилото на авионот, пренесуваат медиумите во соседството.
Во соопштението на полицијата во Чикаго, кое го пренесуваат медиумите, било напишано дека „еден човек бил во авион кој се приближувал до пистата кога ја повлекол рачката на излезот за итни случаи и стапнал на крилото на авионот“.
Како што се наведува, тој потоа се лизнал по крилото на авионот на пистата, пренесува „РТС“.
Инцидентот се случил во четвртокот наутро, по локално време, на летот 2478 „Јунајтед ерлајнс“, кој доаѓал од Сан Диего, пренесува медиумот.
Според написите, од компанијата соопштиле дека екипажот го запрела лицето пред авионот.
„Кога авионот пристигна на пистата, сите патници излегоа безбедно, било наведено во соопштението на авиокомпанијата, објавуваат медиумите.
Во соопштението на полицијата било потенцирано дека се чека обвинение за лицето кое го предизвикало инцидентот.