Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во Охрид се случува градежна офанзива

Градежна офанзива се случува во Охрид. Со реализација на проектите ја покажуваме суштинската разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека не се сите исти, рече првиот човек на опозициската партија, Христијан Мицкоски од Охрид.

Тој додаде дека со градоначалникот Пецаков разговарале и виделе на лице место дека после пет месеци повторно Охрид почнува да се гради, да се движат работите и ќе продолжи во таа насока.

„Знам дека можеби ќе биде малку посложено бидејќи доаѓаат месеците кога започнува туристичката сезона овде во Охрид, но пред и после тоа треба уште поинтензивно да им покажеме на граѓаните дека ние сме различни, што впрочем тоа и го покажува Пецаков и луѓето кои што се дел од неговиот тим овде во општината. Јас сум задоволен од тоа што го гледам низ Македонија, низ градовите ќе повторам уште еднаш каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и задоволен сум бидејќи правиме разлика, а тоа го гледам и на анкетите, тоа го гледам и во бројките, тоа е практично онаа повратна информација која што ја добиваме од граѓаните на 5-6 месеци од завршувањето на локалните избори“, рече Мицкоски.

Тој ирази надеж дека  разликата која што граѓаните ја направиле на локалните избори, ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои, како што рече, многу брзо ќе се случат.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето