Утрински Весник
Свет

Најмалку 22 жртви во експлозија во хотел во Хавана, не станува збор за терористички напад

Најмалку 22 лица загинаа во силната експлозија што се случи синоќа во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави утрово кубанската државна телевизија.

Првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и нема индиции дека се работи за терористички напад. Тој го нарече инцидентот „трагична несреќа”.

Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, додека едно дете починало.

Според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.

 

Можете да прочитате

Рубио: Војната со Иран ќе заврши за неколку недели, а не месеци

Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ