Утрински Весник
Свет

Рама: Соседите не може да се бираат, минатото мора да се заборави

Dik 300x250 mk

Премиерот на Албанија, Еди Рама, порача дека соседите не можат да се бираат, дека Србите, Хрватите и Црногорците нема да одат никаде и дека сите мора да пораснат и да заборават на хаосот од минатото, пренесува „Репортери“.

Говорејќи на 18-та конференција на Јадранско-јонската иницијатива, Рама посочи дека не треба да се заборави колку другите го користеле грбот на нашите земји и неволјите што самите сме ги направиле, алудирајќи на балканските земји.

„Тука сме да останеме, Србите нема да одат никаде, како и Хрватите и Црногорците. Мораме да го средиме тоа и да го заборавиме целиот хаос што си го приредивме едни на други. Да не заборавиме колкава загуба е да се инвестира во омраза. Имаме уште долг пат да одиме, но денес сме подобро место во споредба со она каде што бевме“, изјави Рама.

Тој посочи дека украинскиот конфликт е исклучителна лекција и ги повика сите во регионот да продолжат по патот на мирот и да не паѓаат во замките на минатото.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот