Утрински Весник
Свет

Орбан се противи на ембаргото на руската нафта: „Тоа е атомска бомба за нашата економија“

Dik 300x250 mk

Унгарија не може да ја поддржи сегашната форма на нов пакет санкции на ЕУ што вклучува ембарго за увоз на нафта, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека сегашниот предлог на Европската комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба за унгарската економија“, додавајќи дека е подготвен да преговара доколку види нов предлог што ќе ги задоволи унгарските интереси.

Европската Унија во средата предложи пакет најсилни санкции за Москва, но неколку источни земји изразија загриженост дека нема да имаат доволно време да се приспособат, иако дипломатите рекоа дека ќе им дадат рок на Унгарија и Словачка до 2023 година, пишува Ројтерс.

Орбан изјави за државното радио дека на Унгарија ќе и требаат 5 години и огромни инвестиции во рафинерии и цевководи за да го трансформира сегашниот систем, кој се потпира на околу 65 отсто од руската нафта.

„Точно знаеме што ни треба. Пред се, ни требаат 5 години за да го завршиме целиот овој процес. Година, година и пол не е доволно“, рече Орбан.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа