Утрински Весник
Свет

Во Швајцарија пронајден половина тон кокаин во вреќи со кафе

Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, биле пронајдени во контејнер со вреќи со кафе во зрно наменети за фабриката „Неспресо“ во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.

Како што се наведува во извештајот, фабриката „Неспресо“ синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол недефинирана бела супстанца при истовар на вреќи со кафе во зрно кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин, пренесува „Ројтерс“.

„Супстанцата не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или производствена опрема“, се вели во соопштението на „Неспресо“.

Се додава дека истрагата на полицијата е во тек и дека во моментот не може да се дадат повеќе детали за настанот.

„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за употреба“, посочи швајцарскиот производител на кафе.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија