Утрински Весник
Економија

Цената на барел нафта достигна ниво од 111 долари

Растот на цената на нафтата денеска забрза, надминувајќи го нивото од 111 долари за барел, откако медиумите објавија дека нафтената групација ОПЕК + одлучила скромно да го зголеми производството во јуни, и откако Европската унија во средата претстави план за ембарго на увозот на руската нафта.

Европската нафта Брент порасна за 0,88 отсто на 111,1 долари по барел на тргувањето во Лондон во 17:05 часот по наше време, а цената на американската нафта WTI порасна за 0,58 отсто на 108,4 долари по барел, според податоците на порталот oilprice.com, кој го следи движењето на цените во реално време.

Групата ОПЕК +, составена од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија, денеска се договори за скромно месечно зголемување на производството од 432.000 барели дневно во јуни, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Каматната стапка е непроменета –  зголемени ризици за монетарно затегнување

Силна координација и јасни приоритети од Секторската работна група за енергетика

CompanyWall Business анализира 75.329 компании во Северна Македонија: Сè појасна поделба на стабилни и оптоварени компании