Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди јужниот брег на Филипините, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот што се случи доцна синоќа беше на 110 километри југоисточно од градот Мати, главниот град на провинцијата Давао.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, пренесува РИА Новости.

Нема информации за евентуални жртви и материјална штета.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?