Утрински Весник
Свет

Руски хеликоптер навлезе во финскиот воздушен простор

Руски воен хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор, соопшти финското Министерство за одбрана, додека земјата разгледува потенцијална кандидатура за членство во НАТО.

„Типот на авион е хеликоптер Ми-17, а длабочината на сомнителниот прекршок е околу четири до пет километри“, изјавил портпаролот на министерството за АФП.

Инцидентот се случил во средата во 9:40 часот по локално време. Ова е второ нарушување на рускиот воздушен простор годинава, по претходното во април, а и двете се случија по војната во Украина.

Цивилен транспортен авион на руската армија на 8 април накратко навлезе во финскиот воздушен простор.

Експертите предупредија дека Финска и Шведска најверојатно ќе бидат подложени на руско мешање бидејќи сметаат дека пристапувањето во НАТО е средство за одвраќање на агресијата од нивниот источен сосед, пренесува Девен аваз.

Можете да прочитате

Сибиха: Зеленски е подготвен да преговара со Путин за териториите, но не во Москва

Судан ѝ понуди на Русија инвестиции во рудници и слободна економска зона на Црвеното Море

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците ширум Италија