Утрински Весник
Магазин

Принцезата Шарлин првпат се појави во јавност по повеќе од една година

Принцезата од Монако, Шарлин, се појави покрај своето семејство за да ја следи трката на Формула 1 минатиот викенд, нејзино прво појавување во јавноста по повеќе од една година.

На принцезата ѝ се придружија нејзиниот сопруг принцот Алберт и нивните деца, принцот Жак и принцезата Габриела, за саботната Е-При трка во Монако.

Поранешната олимпијка учествуваше во презентацијата на трофеите и позираше за фотографите кои го преполнија подиумот. Медиумите го пофалија нејзиниот нов изглед со куса платинеста фризура.

Еден локален весник напиша: „Враќањето на Шарлин на јавните активности беше настан кој се чекаше во кнежевството многу, многу месеци“.

Prince Albert and Princess Charlene of Monaco and children
https://www.instagram.com/p/CcdZ7dcMByO/
CR: Eric Mathon / Prince Palace of Monaco

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година