Утрински Весник
Свет

Молдавија се подготвува за можни итни случаи

И покрај провокациите на проруските сепаратисти во последните денови, Молдавија не гледа непосредна закана од немири од Украина, но прави планови за вонредни ситуации и песимистички сценарија, изјави денеска претседателката на таа земја Маја Санду.

Минатонеделните обвинувања против Киев од страна на проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, кои тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, ги зголемија стравувањата дека Молдавија може да биде вовлечена во украинскиот конфликт, пренесува „Ројтерс“.

Санда и нејзината прозападна влада ги обвинија „сепаратистичките фракции кои поттикнуваат војна“ во отцепеното Придњестровје за овие инциденти.

Претседателот на Молдавија го осуди и коментарот на руски генерал кој рече дека една од воените цели на Москва е да ја окупира украинската територија и да се поврзе со сепаратистите во Молдавија.

Киев претходно ја обвини Москва дека се обидува да ја вовлече Молдавија во војна, а Кремљ изрази загриженост поради ситуацијата во сепаратистичкиот регион Молдавија, каде Русија има стационирани стотици свои војници по распадот на Советскиот Сојуз, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци