Утрински Весник
Македонија

Службен весник и Адвокатската комора потпишаа Меморандум за соработка

Директорот на ЈП Службен весник, Владимир Кроневски и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, потпишаа Меморандум за соработка, со кој уште еднаш се потврдуваат долгогодишната тесна соработка и добрите намери за унапредување на заемната институционална поврзаност.

Со склучувањето на овој Меморандум за соработка ќе се овозможи правна рамка за соработка, а воедно и за давање на повластена понуда за адвокатите – членови на АКРСМ, за претплата на Електронската база со мобилната апликација на прописи со редакциски (консолидирани) пречистени текстови коja ja изработува претпријатието.

Базата на прописи во Република Северна Македонија во електронска форма, како и на апликација за мобилен телефон, претставува сеопфатна база на важечки прописи во правниот систем на Републиката, систематизирани на начин да може на брз и едноставен начин корисникот да го пронајде прописот кој му е потребен. Воедно, во наведената база се содржани и пречистените текстови на законите, подредени по соодветни хронолошки верзии и по секоја нивна нова измена или дополнување на одделен закон, како и електронското издание на службеното гласило.

Согласно со членот 7 од споменатиот закон, електронското и печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија“ имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност. По исклучок, доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание.

 

Можете да прочитате

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати

Хелсиншки: Загрижени сме поради апелот на Министерството за здравство медиумите да не ги снимаат пациентите кои се лекуваат во болницата во Кочани