Утрински Весник
Свет

Украина: Најдовме уште еден гроб со цивили – извадени им се ноктите и врзани рацете

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска објави две вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи.

„Извадени нокти. Врзани раце. Уште еден гроб во кој има двајца цивили е пронајден во селото Каљнивка во Киевската област“, ​​напиша Подољак со фотографии.

„Уште колку такви злосторства има на моментално окупираните територии? Русија го избра патот на теророт против цивилното население и мора да биде призната како држава која го спонзорира тероризмот“, рече Подољак.

Можете да прочитате

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров