Утрински Весник
Македонија

Две лица со тешки повреди по судар на два автобуса во Прилеп, повеќемина полесно повредени

Две лица се тешко повредени и уште неколкумина завршиле со лесни повреди утрово во Прилеп по судар на два автобуса. Очевидци јавуваат дека едниот автобус бил празен, а другиот бил застанат на автобуска постојка и во него се качувале патници. Празниот автобус, според очевидците, удрил во автобусот кој бил застанат на постојката оти му се слошило на возачот.

Од МВР потврдија дека утрово имало сообраќајка меѓу два автобуса кои превезуваат работници.

„Денеска околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба Точила, кај црква Св. Петка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два автобуса, превозници на работници од фирми, од кои едниот празен, а другиот бил со патници. Според првичните информации, во несреќата две лица се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, а други патници се здобиле со повреди, но се уште нема потврда за карактер на повреди. Ова се првични неофицијални информации. Увидот е во тек“, велат од МВР.

Автобусот во кој биле повредените ја превезувал работници во текстилна фабрика.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите