Утрински Весник
Македонија

Деца ги натепале родителите, татко удрил по синот и снаата – повеќе пријави на семејно насилство за еден ден

Три случаи на семејно насилство вчера биле пријавени во полицијата во време на празничниот викенд.

Според полициските информации, првиот случај бил регистриран вчера напладне во 16.40 часот во Велес кога син ја нападнал својата мајка.

„Полициските службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(33) од Велес, затоа што претходно во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Во истиот временски период приведен е и Кратовец кој се обидел да ги нападне татка си и својот дедо.

„На 01 мај во 16.50 часот во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.К.(31) од Кратово, затоа што во домот на неговиот татко се однесувал агресивно и се обидел со тврд предмет да ги нападне неговиот татко и дедо“, се наведува во извештајот на полицијата.

Уште еден случај на семејно насилство е регистриран синоќа во Струмица. Имено, 41-годишен жител на струмичко село пријавил дека околу 19.30 часот во дворот од куќата тој, неговиот син и неговата сопруга биле физички нападнати од неговиот татко Т.Р. и неговиот брат В.Р.. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо