Утрински Весник
Свет

Од утре се укинуваат сите ограничувања за влез во Србија

Од утре, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки и ограничувања за влез во Србија, воведени поради сосојбата со Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани.

Од полноќ, српските државјани, но и странските државјани нема да имаат потреба од негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Амбулантите за Ковид, пунктовите за тестирање на Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено.

Можете да прочитате

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром