Утрински Весник
Свет

(Видео) Србите ги покажаа новите кинески ракети, Вучиќ: Горд сум

Dik 300x250 mk

На воениот аеродром во Батајница се одржа митинг на српската војска наречен „Штит 2022“.

На изложбата на воена опрема, фокусот беше ставен на кинескиот противвоздушен ракетен систем со среден дострел ФК-3, кој пристигна во Србија на почетокот на овој месец. Учествуваа повеќе од илјада припадници на Министерството за одбрана и армијата.

На настанот како што пренесуваат медиумите во соседството бил присутен и претседателот Александар Вучиќ.

Притоа биле прикажани околу 60 авиони, вклучувајќи модернизирани МИГ 29СМ, опремени со нови ракети воздух-воздух со среден дострел Р-77. Станува збор за рускиот пандан на американската ракета AIM-120 AMRAAM.

„Горд сум на српската армија и нејзиниот огромен напредок“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија ќе ги зајакне своите борбени воздушни сили доколку нема политички пречки и дека земјата е неутрална и дека мора да најде решенија за да го зачува своето небо и држава.

Ќе продолжиме да инвестираме во нашата армија и да ја зајакнуваме“, нагласи Вучиќ.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа