Утрински Весник
Македонија

Објавен нов сет на податоци од Пописoт 2021

Согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави нови сетови на податоци, и тоа:

1. Вкупно резидентно население по поединечни години на возраст и по пол, по регион;
2. Вкупно население според 5-годишни возрасни групи и по пол, по региони;
3. Вкупно резидентно население по 5-годишни возрасни групи и по пол, според типот на населеното место, по оопштини;
4. Вкупно резидентно население според поединечни години на возраст и пол, по општини;
5. Вкупно резидентно население според државјанството, по 5-годишни возрасни групи и пол, по општини;
6. Вкупно резидентно население според државјанството и етничката припадност, по општини;
7. Државјани (дел од Вкупното население) на други држави според државата чии државјани се лицата.

Податоците од Пописoт 2021 можат да се најдат на следниов линк.

 

Можете да прочитате

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза

Сите камери на МВР сега мапирани: Апликацијата ги покажува локациите