Утрински Весник
Македонија

ЈСП: Во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата ќе работи вообичаено

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Утре, сабота, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

Можете да прочитате

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер