Утрински Весник
Економија

Маск продаде акции од „Тесла“ за 4 милијарди долари поради купувањето на „Твитер“

Американскиот милијардер, Илон Маск, продал акции од „Тесла“ за околу 4 милијарди долари откако потпиша договор за купување на социјалната мрежа „Твитер“ вреден 44 милијарди долари. На 26 и 27 април Маск, извршниот директор на „Тесла“, издвоил 4,4 милиони акции што ги поседувал во таа компанија за производство на електрични автомобили, покажуваат податоците од поднесоците доставени до регулаторот на пазарот, пренесува „Блумберг“.

Аналитичарите од Волстрит и инвеститорите на „Тесла“ шпекулираа дека Маск можеби ќе треба да продаде одредена сума на акции за да покрие дел од трансакцијата од 21 милијарда долари што тој лично ја гарантира.

Набргу по објавувањето на поднесоците, Маск на „Твитер“ напиша: „Не планирам продажба на акции од ‘Тесла’ по денес“.

Одлуката на најбогатиот човек на светот да го купи „Твитер“ предизвика нервоза кај клучните луѓе во компанијата „Тесла“, во која Маск е извршен директор од 2008 година и во која долго време имаше најголем сопственички удел.

Акциите на „Тесла“ на 26 април, кога Маск продаде најмногу акции, забележаа најголем пад од септември 2020 година. Тие благо закрепнаа во следните две сесии, а синоќа затворија на ниво од 877,51 долари.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра