Утрински Весник
Македонија

Османи го отвори состанокот на НАТО политички директори

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го отвори состанокот на директори за политичка безбедност од министерствата за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што за прв пат се одржува во Северна Македонија.

Министерот Османи се осврна на политичките состојби и безбедносните предизвици со кои се соочува Западен Балкан, како и неопходноста за натамошно засилување на соработката и присуството на НАТО и Европската Унија во нашиот регион.

“Отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива на Западен Балкан може да има множество негативни последици, особено во поглед на регионалната стабилност. Оттука, забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и консолидираниот пристап на НАТО и ЕУ во регионот е најдобрата алатка за надминување на безбедносните предизвици и зачувување на демократските процеси во нашите простори.” – истакна Османи.

Во контекст на актуелната безбедносна ситуација, министерот Османи ги истакна предизвиците со кои се соочува Евроатлантската зона и начинот за нивното одразување во новиот Стратешки
Концепт на НАТО, што се очекува да биде усвоен на претстојниот НАТО Самит во Мадрид.

Одржувањето на состанокот во Скопје е уште еден доказ за значењето на Западен Балкан, како стратешки регион за НАТО, но и за кредибилноста на Северна Македонија како земја – членка на Алијансата

Можете да прочитате

Левица поднесе претставка за Упатството на ААВМУ со кое на партијата и е забрането рекламирање за Локалните избори 2025

Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк:  Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии