Утрински Весник
Економија

ЕУ: Плаќањето во рубли е заобиколување на санкциите

Плаќањето за гас според рускиот декрет, преку две сметки, едната во евра, а другата во рубли, ги заобиколува санкциите на ЕУ наметнати за Русија, изјави висок претставник на ЕУ.

Русија донесе декрет со кој се бара од европските компании кои купуваат гас од „Гаспром“ да отворат една сметка во евра, а друга во рубли. Русија смета дека исплатата е извршена дури откако еврата ќе се претворат во рубли.

Високиот функционер на ЕУ, кој побарал да остане анонимен, вели дека за ЕУ ​​не е спорно што европска компанија за гас отвора сметка во Русија во евра, но отворањето на друга сметка кај „Гаспромбанк“ во рубли би било заобиколување на санкциите.

Претворањето на еврата во рубли се врши преку руската централна банка, која е под санкции на ЕУ и секоја трансакција со неа е заобиколување на санкциите, рекол претставникот.

„Имаме информации дека средствата платени во евра одат во руската централна банка, која потоа ги менува во рубли, но без никакво временско ограничување. Тоа значи дека европската компанија која уплатила на некој начин ја кредитира руската централна банка“, вели изворот.

Можете да прочитате

Владата размислува за уште еден ребаланс на Буџетот

Од полноќ нови цени на горивата

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните